Времето денеска променливо со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од минус еден до шест, а дневната ќе биде од девет до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 12 степени.