Изгласано укинувањето на визите за Молдавија

Европскиот парламент во Стразбур денеска изласа укинување на визите за граѓаните на Молдавија. До гласањето доаѓа откако тоа го препорачаа Комитетите за граѓански права и правда и за внатрешни работи, а претходно и Европската комисија препорача укинување на визите за молдавците. Оваа иницијатива беше најавена на Самитот на Европската Унија за Источно партнерство во Вилнус, во ноември, минатата година, кога Молдавија го иницираше потпишувањето на Спогодбата за асоцијација со Унијата. Се очекува Молдавците да можат да патуваат во земјите од Шенген зоната без визи од мај или јуни.