Почна судењето за случајот "Претседавач"

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна судењето за случајот „Претседавач“, во кој првообвинет е претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Во овој случај, покрај Шиповиќ за злоупотреба на службената положба се товарат и членови на Управниот одбор на АД „Машинопромет“, како и лица вработени во УЈП.
Шиповиќ, кој беше уапсен на 15 октомври минатата година на аеродромот во Виена на враќање за Македонија од САД, се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје.
Членови на СДСМ заедно со градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и советниците од редовите на СДСМ денеска пред Основниот суд 1 Скопје изразија поддршка за Шиповиќ.