5-мина приведени за кражбата од Музејот на Македонија

Во денешната полициска акција за кражбата на вредни артефакти од Музејот на Македонија, досега се приведени пет лица, меѓу кои актуелниот и еден од поранешните директори на Музејот.
Како што објавија некои од медиумите, меѓу осомничените е и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство Паско Кузман, кој веќе е во куќен притвор за дело поврзано со случајот „Фаланга“.
Приведените веќе се изведени пред истражен судија, а кај двајца се уште се вршат претреси.
Според досегашната истрага, од Музејот на Македонија украдени се 166 вредни предмети од културно историско значење.