Кери: Наредниот авганистански претседател ќе го потпише безбедносниот договор

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека наредниот претседател на Авганистан ќе го потпише билатералниот безбедносен договор, со кој ќе биде овозможено останување на одреден контингент американски војници во таа земја и по 2014-та година. Кери оцени дека повеќето од претседателските кандидати во Авганистан ја најавиле таквата можност. Претседателските избори во Авганситан се закажани за 5-ти април.