Талат Џафери на состанок на НАТО за Авганистан

Делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот Талат Џафери ќе престојува во Брисел, Белгија, каде ќе учествува на состанокот на северно-атлантската алијанса со земјите кои не се членки на НАТО, а придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Целта на овој министерски состанок е да се направи проценка на прогресот во однос на процесот на транзиција и предавањето на целосна одговорност за безбедноста на Авганистанските сили, како и понатамошно планирање на мисијата пост-2014 година, наречена „Одлучна поддршка“, соопшти Министерството за одбрана.
По завршувањето на состанокот, министрите за одбрана на групата А-5 ќе реализираат состанок на кој ќе дискутираат за можното идно заедничко учество во мисијата „Одлучна поддршка“ и во подготовките на други НАТО предводени проекти.