Вооружени лица во зградите на кримската влада и парламентот

Вооружени лица ги зазеле зградите на кримската владата и парламентот во Симферопол каде што вчера дојде до конфронтација меѓу проруските сепаратисти и поддржувачите на новите украински власти. Лидерот на локалните татари Рафет Чубаров изјави дека зградите биле окупирани од вооружени луѓе во униформи кои немале никакви знаци за распознавање. Фотографиите покажуваат дека на двете згради се веат руски знамиња. Претставник на Кримскиот парламент изјави дека на лицата од обезбедувањето им било наредено да ја напуштат зградата.