Украинскиот парламент ќе гласа за нова Влада

Украинскиот парламент денеска треба да гласа за новата прозападна влада.
Лидерот на опозицијата на про-Европската унија Арсениј Јаценук вчера беше номиниран за премиер во новата влада. Тој беше еден од првите лидери на протестното движење што избувна откако соборениот претседател Виктор Јанукович одби да го потпише договорот за асоцијација со Европската унија во ноември. Во другите номинации кои беа објавени на Плоштадот на независноста - дипломатот од кариера Анатолиј Дешчитца е номиниран за функцијата министер за надворешни работи. Тој беше меѓу украинските дипломати кои потпишаа изјава на солидарност со демонстрантите претходно овој месец. Меѓу опозициските фигури на кои им се понудени позиции во владиниот кабинет е и Дмитро Булатов, кој беше номиниран за министер за спорт и млади. Тој беше малтретиран со денови, а дел од неговото уво беше отсечено.