Кери ја предупреди Русија да нема воена интервенција во Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди Русите дека ќе направат "голема грешка" ако ја искористат својата војска за да интервенира во Украина. Кери изјави дека Русија постојано зборува против странска воена интервенција во Либија, Сирија и други места и дека "ќе биде важно за нив да ги послушаат тие предупредувања, доколку размислуваат за други опции" во Украина. Руската морнарица, Црноморската флота има голема база во украинскиот град Севастопол. Меѓудругото, Кери изјави дека Вашингтон размислува да додели 1 милијарда долари во гаранции за заеми за новата украинската влада.