НАТО го поддржува територијалниот интегритет на Украина

Министрите за одбрана на НАТО денеска во Брисел ја истакнаа поддршката на Алијансата за независноста и територијалниот интегритет на Украина. „Суверена, независна и стабилна Украина, цврсто посветена на демократијата и владеењето на правото, е клучна за евроатлантската безбедност и за стабилноста на Централна и Источна Европа“, се наведува во министерското соопштение. Тензиите меѓу проруските и прозападните страни во Украина ги зголемија страхувањата од можна поделба на земјата.