ДУИ: предвремени избори ако нема консензуален кандидат

Бујар Османи

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи на денешната прес конференција во Скопје соопшти дека доколку ВМРО ДПМНЕ на претстојната конвенција го потврди својот став со кој не го прифаќа нивниот предлог за консензуален претседателски кандидат, партијата ќе побара одржување предвремени избори. „ДУИ на претседателските избори нема да истакне кандидат, туку ќе се бори за понудениот концепт, а Албанците ќе ги повика да не поддржат ниту еден кандидат затоа што ниту еден од нив нема да претставува нивната волја“, рече Османи. Тој додаде дека ДУИ ќе побара и формирање нова политичка платформа за соработката меѓу македонскиот и албанскиот блок во која ќе има повеќе механизми на консензуалност со што би се избегнале, како што рече, еднострани политички одлуки.