Илијаз Халими - кандидат на ДПА за претседател

Илустрација

Илијаз Халими, поранешен потпретседател на македонското Собрание, е кандидат на ДПА за претседател на Република Македонија, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Мендух Тачи.
Со оглед на тоа што нема поддршка од потребните 30 пратеници, Халими ќе треба да собере 10.000 потписи до крајниот рок - 3 март.
- Работите се многу јасни. Фаворит на овие избори е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ господинот Иванов. Нашата цел е да влеземе во втор круг. Ќе ги повикаме сите Албанци и други граѓани да не гласаат бидејќи тогаш доаѓа вистинскиот договор и вистинскиот консензус што може да се случи помеѓу Албанците и Македонците, затоа што во вториот круг треба најмалку 40 отсто од гласачите да излезат на гласањето.