ВИДЕО: Мостар - 10-години од загинувањето на претседателот Трајковски

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Кај Мостар одбележана 10-годишнината од загинувањето на Борис Трајковски

Во близина на Мостар, на местото на авионската несреќа, беше одбележана 10 годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници. Присуствуваа делегации на РМ и на БиХ, предводени од Ѓорѓе Иванов и Жељко Комшиќ.
Делегациите положија цвеќе на спомен обележјето им оддадоа почит на загинатите во несреќата. Комшиќ изјави дека претседателот Борис Трајковски беше вистински регионален лидер и голем пријател на Босна и Херцеговина.
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов изрази надеж дека новата истрага за несреќата ќе ги расветли сите детали за овој трагичен настан.