Ѓул потпиша закон за поголема владина контрола врз судството

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска го потпиша контроверзниот закон за Високиот совет на судии и обвинители, со кој се засилува контролата на Владата врз правосудството.
Законот ги регулира организацијата и надлежностите на Високиот совет на судии и обвинители, една од највисоките правни институции во земјата, и му овозможува на министерот за правда да го последниот збор во процесот на именување на судии.