Вашингтон - подршка за црногорското членство во НАТО

Џон Кери, државен секретар на САД

Вашингтон целосно го поддржува членството на Црна Гора во НАТО, охрабрувајќи ја да продолжи со напредокот во областите на судството и одбраната, како и во јакнење на поддршката од граѓаните за влез во Алијансата.

Ова се наведува во одговорот на Стејт департментот до групата од 40 американски конгресмени кои побарале Администрацијата на САД да влијае проширувањето на Алијансата да се стави на дневен ред на претстојниот самит на НАТО во Велс. Во одговорот пишува и дека САД остануваат приврзани на политиката на отворени врати на НАТО, а до јуни ќе биде разгледан извештајот за остварување на реформите во државите кои сакаат членство во Алијансата.

Црна Гора моментно се наоѓа во Акцискиот план за членство (МАП), кој се смета за чекор пред полноправно членство во Алијансата