Во Собранието на Македонија - закони по скратена постапка

На дневен ред на денешната седница на Собранието на Македонија се предлог-законите за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и за пензиското и инвалидското осигурување, и двата по скратена постапка.

Пратениците ќе дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка.

По завршувањето на 86. седница, Собранието ќе одржи ново продолжение на 85. Седница на чиј дневен ред се повеќе закони по скратена постапка, како Законот за акцизите, Законот за субвенционирање на станбен кредит.