Украина - Специјалните полициски сили се распуштени

Привремениот Украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека наредил да бидат распуштени специјалните полициски сили-Беркут. Аваков кој на функцијата беше наименуван во саботата,на неговата Фејсбук страница објави дека потпишал наредба со која се забрануваат полициските акции за растурање на демонстрантите.Овие полициски сили беа обвинувани од антивладините демонстранти за насилни напади за време на протестите. Аваков објави дека повеќе детали за неговата одлука ќе каже на брифингот планиран за денеска. Специјалните полициски сили Беркут кои бројат околу 4 илјади припадници се тренирани и специјализирани за контрола на бунтови и брза акција.