В четврток украинска влада на национално единство

Вршителот на должноста претседател на Украина Олександр Турчинов побара парламентот в четврток, а не денеска да гласа за формирање влада на национално единство. Тоа го образложи за потребно време за натамошни консултации. Новото украинско раководство денеска во Киев ќе се сретне со американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс кој е највисок американски функционер што ја посетува Украина од минатиот декември. Во Киев е шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон која денеска разговараше со ослободената експремиерка Јулија Тимошенко. Новото украинско раководство апелира на итна меѓународна финансиска помош од 35 милијарди долари, за да се избегне банкрот на земјата.