Ердоган ги отфрла компромитирачките аудио снимки

Реџеп Таип Ердоган

Кабинетот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги нарече измислица наводните снимки на разговорите на Ердоган со неговиот син кои се појавија на интернет и кои сугерираат дека станува збор за корупција. Деновиве се појавија неколку тонски снимки на разговори во кои учествувал Ердоган и неговите помошници. Во последната што е објавена вчера можат да се слушнат двајца луѓе за кои е наведено дека се Ердоган и неговиот син и кои разговараат како да се ослободат од големо количество готови пари во нивниот дом. Разговорот, наводно се случил на 17 декември лани, денот кога синови на тројца турски министри беа уапсени за корупција.