Во Скопје средба на полициите од Западен Балкан и ЕУ

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во центарот за обука во Идризово ќе присуствува на отворањето на работната средба на претставници на полициите на земјите од Западен Балкан и од ЕУ. Средбата е посветена на иницијативата на македонската полиција за формирање експертска група на земјите од регионот за справување со нелегалната трговија со оружје.