Украинскиот парламент изгласа нов гувернер на Централната банка

Степан Кубив, нов гувернер на Централната банка на Украина.

Украинскиот парламент го изгласа 51-годишниот пратеник Степан Кубив, кој има банкарско искуство, за нов гувернер на Централната банка. Тој вети дека ќе донесе транспарентност во работењето на банката. Неговиот претходник Ихор Соркин се повлече од функцијата откако парламентот изгласа соборување на претседателот Виктор Јанукович. Кубив е член на партијата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Тој претходно водеше неколку банки, меѓу кои и Лвов Кредо банк. Претходно, в.д. претседателот на Украина Олександр Турчинов побара меѓународна помош за запирање на економското „движење кон бездната“. Тој рече дека на Украина и требаат 35 милијарди долари во наредните две години.