Меркел во посета на Израел

Германската канцеларка Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Меѓународните напори за контрола на нуклеарната програма на Иран се високо на агендата на денешните разговори меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Меркел од вчера престојува во дводневна посета на Ерусалим. Таа вели дека работа на Германија е да се обезбеди иднината на Израел. На заедничката прес-конференција синоќа, Нетанјаху изјави дека сака да разговара за начините како да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Се очекува Нетанјаху и Меркел, исто така да разговараат и за мировните преговори со Палестинците кои се одвиваат со посредство на САД. Германија се противи на изградбата на нови населби од страна на Израел на окупираните палестинска територии.