Москва смета дека Вашингтон треба да се воздржи од употреба на сила

Русија смета дека американскиот советник за национална безбедност Сузан Рајс треба да го повика Вашингтон, а не Москва, да избегнува употреба на сила во меѓународните конфликти. Рајс изјави вчера дека би била голема грешка доколку Русија испрати трупи во Украина. Руските медиуми денеска го цитираат Министертвото за надворешни работи во Москва, кое оценува дека Рајс треба да ги советува американските лидери да не употребуваат сила на многу места каде што американската администрација смета дека се во опасност нормите на западната демократија.