Во Сочи средба Медведев - Саркисјан

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска во Сочи ќе има средба со неговиот колега од Ерменија Тигран Саркисјан. Најавени се разговори за меѓусебната трговија и инвестиции, вклучувајки и заеднички проекти во областа на енергијата, индустријата и инфраструктурата. Ерменија најави дека ќе се приклучи на Царинската унија, предводена од Русија, а Саркисјан во саботата изјави дека Ерменија веќе имплементирала половина од потребните мерки за приклучување во Царинската унија, во која се уште и Белорусија и Казахстан.