Експлодираше бомба пред седиштето на СДСМ Карпош

Синоќа, околу 19.30 часот фрлена била експлозивна направа пред просториите на општинската организација на СДСМ Карпош, на улица Варшавска, соопштија од партијата.
Експлозијата се случила додека се одржувал состанок на подмладокот на СДСМ во општина Карпош. Во канцеларијата на СДСМ се наоѓале 30-тина млади, но и дел од највисокото раководство на партијата.
Повредени за среќа нема. Од шрапнелите коишто летале на сите страни искршени се стаклата на просторијата. Оштетени се неколку и возила на членови на СДММ, присутни на состанокот.
Во соопштението се наведува дека „СДСМ бара и очекува од МВР да преземе брзи и ефективни мерки за расветлување на случајот и пронаоѓање на предизвикувачите на овој гнасен чин, што се случи пред простории на Социјалдемократскиот сојуз.“