Украинскиот парламент го укина контроверзниот закон за јазиците


Украинскиот парламент денеска го отповика контроверзниот закон со кој се проширува употребата на рускиот јазик и јазиците на другите национални малцинства. Законот „по принцип на државен јазик“ помина во парламентот во 2012 година преку Партијата на регионите на Виктор Јанукович. Според овој закон, украинскиот јазик е државен јазик а рускиот јазик е официјален регионален јазик во областите во кои тој доминира ккао што се некои источни и јужни области. Законот предизвика протести во Киев и судир во парламентот а опозицијата тогаш го нарече „анти-украински“. На Јануковиќ рускиот му е мајчин јазик а парламентот го смени овој закон еден ден по неговото симнување од власт.