Грчките власти размислуваат за намалување на бројот на пратеници

Намалувањето на бројот на пратениците во грчкиот Парламент од 300 на 250 била една од темите на вчерашната средба меѓу премиерот Андонис Самарас и вицепремиерот Евангелос Венизелос, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.Весникот наведува дека премиерот предлагал бројот на пратеници да се намали на 200.Политички дебати за намалување на бројот на пратеници се присутни повеќе од десет години, но до сега тоа се нема случено.