Турција: протести против новите интернет контроли

Турската полиција синоќа употреби солзавец и водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти кои протестираа во центарот на Истанбул против новите интернет контроли наметнати од владата на премиерот Таип Ердоган. Демонстрантите подоцна се прегрупираа во близина на Истанбул, на плоштад Таксим, поставувајќи барикади на Истиклал стрит во главната шопинг област и подметнувајќи пожари во канти за ѓубре. Претседател на Турција, Абдула Ѓул, го потпише законот во вторникот, овозможувајќи властите да блокираат веб-сајтови, без претходна одлука од судовите. Протестите се очекува да продолжат и денеска а противниците на интернет законот, исто така, повика на демонстрации во Анкара и градот Измир.