САД и ММФ подготвени да и помогнат на украинската економија

САД и Меѓународниот монетарен фонд и понудија помош на Украина за да ја обнови својата економија, еден ден откако украинскиот парламент гласаше за смена на претседателот Виктор Јанукович. Стравувањата дека долгот ја загрозува економијата предизвика паника на пазарите и бројот на обврзниците нагло расте а украинската валута изгуби една десетина од својата вредност во последниве недели. Американскиот секретар за финансии Јаков Лу вети поддршка, доколку реформите се спроведуваат, откако тој се сретна со рускиот министер за финансии Антон Силуанов на маргините од самитот на Г-20 во Сиднеј. Шефот на ММФ, Кристин Лагард, рече дека ММФ, исто така, е подготвен да помогне, ако украинските власти побарата поддршка од ММФ.