ВМРО-ДПМНЕ: обврските ги исполнуваме не само пред избори

,

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на денешните обвинувања на СДСМ во која ги нарече манипулација и алиби за поразот на претстојните избори.
Во образложението на ова, владејачката партија наведува дека обврските кон пензионерите, земјоделците и социјалците ги исполнува редовно а не само пред избори.
Таа исто така наведува дека во текот на своето владеење обезбедила и 100 000 работни места.