Италија: Ренци е нов премиер

Италијанскиот централно-левичарски лидер, Матео Ренци денеска положи свечена заклетва како нов премиер на земјата. Ренци ја положи заклетвата пред претседателот Џорџо Наполитано застанувајќи на чело на 16-члената коалициона влада. Со своите 39 години, Ренци стана најмладиот до сега премиер на Италија.