Форум по повод 10 години од смртта на Борис Трајковски

Во Собранието на Република Македонија и во Министертвото за надворешни работи денеска ќе се одржи меѓународен младински лидерски форум „Перспективите и предизвиците на младите луѓе“.
Форумот е по повод одбележувањето 10 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, а го организира меѓународната фондација која го носи неговото име.
Пред присутните ќе се обрати министерот за образование и наука Спиро Ристовски.