Предвремено ослободување на Тимошенко

Украинскиот парламент денеска ги одобри измените со кои се овозможува предвремено ослободување на затворената опозициска лидерка Јулија Тимошенко. Парламентот гласаше и за враќање на Уставот на земјата од 2004 година со кој се намалуваат ингеренциите на шефот на државата, а се зголемуваат оние на собранието. Претходно, претседателот Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата го потпишаа договорот за решавање на политичката криза во земјата. Јанукович претходно соопшти дека ќе бидат одржани предвремени претседателски избори и најави дека ќе започне процес на формирање на влада на национално единство. До ова дојде по судирите во текот на оваа недела меѓу полицијата и антивалдините демонстранти во кои загинаа околу 80 луѓе.