ХРВ бара истрага за полициските постапки во БиХ

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ денеска побара од властите на Федерацијата на Босна и Херцеговина да спроведат темелна истрага со која ќе се утврди дали локалната полиција користела прекумерна сила против учесниците во протестите. „Хјуман рајтс воч“ наведува дека истражила 19 случаи на наводна употреба на прекумерна сила против демонстрантите, новинарите и „случајните минувачи“ во текот на протестите на 7 февруари, кои ескалираа во немири, при што голем број луѓе беа повредени, а беа запалени седиштата на Претседателството на БиХ и жупаниската влада во Сараево и во Тузла.