Украинскиот парламент го врати Уставот од 2004

Украинскиот парламент гласаше за враќање на Уставот на земјата од 2004 година. Со овој чекор се намалуваат ингеренциите на шефот на државата, а се зголемуваат оние на собранието. Претходно претседателот Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата го потпишаа договорот за решавање на политичката криза во земјата. Јанукович претходно соопшти дека ќе бидат одржани предвремени претседателски избори и најави дека ќе започне процес на формирање на влада на национално единство. До ова дојде по судирите во текот на оваа недела меѓу полицијата и антивалдините демонстранти во кои загинаа околу 80 луѓе. Договорот е постигнат со посредство на Европската унија.