Самарас и Расмусен разговарале и за проширувањето на НАТО

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска во Атина се сретна со генералниот секретар на НАТО Расмусен, со кого меѓу другото, разговараа и за проширувањето на Алијансата, јави МИА од Атина.

По средбата, Самарас изјави дека НАТО претствува заедница на демократски вредности како што се почитување на човековите права, владеење на правото, добрососедски односи и слобода на изразување, поради што секоја нова кандидатура се оценува и секоја земја мора да ги исполни критериумите.

Расмусен, пак, се задржа на ситуацијата во Украина и го осуди крвопролевањето во земјата. Апелирам до сите инволвирани да се запре спиралата на насилство, рече тој, додавајќи дека украинската Влада има одговорност армијата да не биде вклучена.