Министерот Попоски во посета на Србија

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Белград се состанува неговиот српски колега Иван Мркиќ, а ќе биде примен и од претседателот и од премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Ивица Дачиќ.

Како што соопшти македонското МНР, се очекува теми на средбите да бидат можностите за зголемување на соработката меѓу Македонија и Србија во економијата, образованието, културата, транспортот и земјоделство, како и за натамошен развој на соработката за прашања во интерес на двете држави и за прашањата на евроинтеграциите.