Приведен помошник началникот на СВР Охрид

Помошник началникот на Секторот за внатрешни работи, Охрид Башким Чолаку денеска бил приведен од полицијата, заедно со уште двајца полициски службеници, едниот од Граничниот премин „Ќафасан“, другиот распореден во полициската станица „Франгово“. Засега не се соопштуваат причините за приведувањето, но се споменува тие биле осомничени за вмешаност во трговија со луѓе.