Временска прогноза - Сончево со мала до умерена облачност

Илустрација.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува. Утринската температура се движи од минус три до шест, а дневната од 16 до 20 степени. Во Скопје утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 17 степени. Од утре дневната температура постепено ќе опаѓа и облачноста ќе се зголемува. В петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд.