Пуси Рајот нападнати за време на перформанс во Сочи

Двете најпознати членки на Пуси Рајот, поранешни затворенилки Надежда Толоконикова и Марија Аљокина , беа нападнати од група таканаречена Козачка полиција во Сочи.

Толоконикова на твитер напиша дека Козаците ги нападнле додека ја изведувале песната со која се критикува претседателот Владимир Путин во близина на банер за тековните Олимписки игри.



Таа објави слики на твитер со модринки на нејзините гради, а нејзиниот сопруг Пјотр Верзилов бил однесен во болница откако во неговите очи беше фрлен бибер гас.

Активностите на Козаците , руски традиционалната воена сила, понекогаш се одобрени од страна на властите за да ја зголемат безбедноста.

Нападот се случи еден ден откако Tолоконикова и Аљокина беа уапсени од страна на полицијата во Сочи на неколку часа, наводно за кражба.