ЕУ - санкции и решавање на кризата во Украина

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд се заложи за наметнување санкции на оние кои стојат зад смртоносното насилство меѓу полицијата и демонстрантите во Украина.

Тој на прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Париз изјави дека ЕУ ќе бара и политичко решение во Украина. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, ги повика министрите за надворешни работи на ЕУ да дојдат утре во Брисел на вонредните разговори за Украина.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров го предупреди Западот да не се обидува да наметне „нападно“ посредување.