Експлозии во Бејрут, двајца загинати

Најмалку две лица загинале, а 40-тина биле повредени при денешните експлозии во Бејрут, во близина на Иранскиот културен центар. Според очевидци, одекнале две експлозии, веројатно активирани од бомбаши самоубијци. Одговорноста за нападот ја превзедоа Бригадите Абдалах Азам, милитанти, поврзани со Ал Каеда. Иранската амбасада соопшти дека никој од нивниот персонал не бил повреден.