Северна Кореја треба да одговара пред Меѓународниот кривичен суд

Високиот комесар на Обединетите Нации за човекови права, Нави Пилај, побара од светските сили да покренат постапка пред Меѓународниот кривичен суд против Северна Кореја поради злосторства против човештвото. Шефот за безбедност на Северна Кореја, па и лидерот Ким Џонг Ун треба да се соочат со меѓународната правда за издавање наредби за систематска тортура и убиства, како од времето на нацистичката ера, беше наведено во извештајот на Обединетите Нации, објавен во понеделникот.