Жестоки демонстрации во Киев, неколкумина загинати

Антивладини демонстранти денеска во Киев се судрија со украинската полиција во најжестоките нереди во изминативе неколу недели. Полицијата соопшти дека најмалку пет цивили загинале, додека неколу десетици биле ранети. Се прецизира и тоа дека било најден загинат човек и во канцелариите на владејачката партија на претседателот Виктор Јанукович откако претходно накусо беа заземени од демонстрантите. Министерството за внатрешни работи им даде два часа на демонстрантите да ги завршат нередите, заканувајќи им се со решителна акција.