Венизелос и Дачиќ: Србија во 2020 година да стане членка на ЕУ

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и српскиот премиер во оставка Ивица Дачиќ денеска изразија надеж дека Србија за кратко време ќе ги исполни условите и оти во 2020 година ќе стане членка на ЕУ.

Венизелос вети дека неговата земја за време на претседавањето со ЕУ ќе направи се Србија да отвори што е можно повеќе поглавја, а Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на грчката дипломатија додаде дека Србија сака до 2018 година да ги исполни сите технички предуслови и критериуми, за во 2020 година да може да стане членка на ЕУ.