Во Киев судири пред зградата на Парламентот

Во центарот на Киев дојде до нови судири меѓу полицијата и демонстрантите. Тепачката избувнала откако демонстрантите се пробиле преку полициските линии пред зградата на парламентот.

Полицијата употреби димни бомби откако демонстрантите фрлаа камења врз полицијата.

Илјадници демонстранти маршираа во Киев барајки реформи за намалување на овластувањата на претседателот Виктор Јанукович. Анти-владините протести во Украина траат речиси три месеци.