Шефот на грчката дипломатија во посета на Белград

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, во рамки на својата турнеја низ земјите од Западен Балкан, денеска ќе пристигне во посета на Србија.

Венизелос го посетува балканскиот регион во својство на претседавач со Советот на министри на ЕУ.

Во рамки на турнејата, која трае од денеска до 21 февруари, грчкиот министер ќе ги посети Црна Гора, БиХ, Косово, Македонија и Албанија.