Судир на полицијата и демонстрантите во Бангкок

Полицијата во Бангкок започна операција за протерување на анти-владините демонстранти од улиците во главниот град на Тајланд. Извештаи велат дека најмалку тројца полицајци биле повредени во денешната операција. Според полициски извори пак околу 100 демонстранти биле уапсени во раните утрински часови од протестот во близина на Министерството за енергетика. Телевизиските снимки покажуваат облаци од солзавец и судир на полицијата со демонстрантите во близина на Владата. Демонстрантите се собираат од ноември со намера да го соборат премиерката Шинаватра, кого тие ја гледаат како замена за нејзиниот постар брат, Таксин Шинаватра, поранешен премиер кој беше соборен со воен удар во 2006 година.