Жак Ширак однесен во болница

Поранешниот француски претседател Жак Ширак накратко бил однесен во болница поради сомневање дека има гихт. 81-годишниот конзервативец се соочува со здравствени проблеми во последниве години. Тој бил однесен во болница за да му бидат направени тестови и е надвор од животна опасност. Гихтот е болест на зглобовите која главно ги напаѓа средовечните мажи, и не се смета за опасна по живот. Ширак ја напушти функцијата во 2007 година.