САД ги негираат обвинувањата на Мадуро

Портпаролката на Стејт Департментот Џен Псаки

САД ги негираше наводите од страна на претседателот на Венецуела,Николо Мадуро дека учествувале во заговор за креирање на немирите во јужноамериканската држава. Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека таквите обвиненија се "неосновани и лажни".
Во неделата Мадуро нареди протерување на тројца американски конзуларни функционери во знак на одмазда за она што тој го нарекува "заговор" и "закани" од Вашингтон во однос на граѓанските немири во Венецуела. Тој рече дека неидентификувани официјални лица биле инфилтрирани во универзитетите и вмешани во политичка агитација претставувајќи се дека нудат студентски визи. Псаки соопшти дека САД не добиле никакво формално известување за протерувањата.